Видео запис од еден балон пратен во вселената!

Во 2013 година неколку другари лансирале „GoPro“ камера во вселената прикачувајќи ја на балон со топол воздух,надевајќи се дека по кратко време ќе пукне и ќе се врати назад. Балонот го пуштиле да лета од Големиот Кањон, кој пукнал дури по 87-та минути по што камерата требало да падне во нивна близина и тие да ја видат снимката од вселената. За жал тие не успеале да ја најдат камерата и се откажалe.

„Планиравме да го лансираме точно на време и на место каде мобилните кои ги врзавме за камерата имаа сигнал. Проблемот е што мапата на покриеност на сигналот на комапнијата „АT&T“ воопшто не е добро направена, па не можевме да го најдеме телефонот кога паѓал на земјатa, затоа што немаше сигнал. На крајот се испостави дека слетал на 80 километри од точката каде го лансиравме, каде воопшто нема патишта“ – изјавил еден од момците.

Но за чудо оваа камера е пронајдена после 2 години од страна на вработена токму во компанијата „АT&T“ за време на нејзината прошетка низ тој дел од пустината. Таа преку СИМ картичката успеала да го пронајде сопственикот. Благодарение на овој сплет на околности денес можеме сите да уживаме во ова прекрасно видео:

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.