Петар Пан

По повод новата учебна година, во сабота, 19 септември, 2015 година, со почеток во 12 часот, во Македонската Опера и Балет ќе се одржи популарната претстава за деца „ПЕТАР ПАН“.

Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бeри (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирениИндијанцисамовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Сакаме да Ве информираме исто така дека, претставата „Петар Пан“ во вторник, на 22.09.2015 година, ќе биде изведена на сцената на Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, така што и прилепските деца ќе имаат можност да уживаат во оваа омилена претстава за деца.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.