Балетската претстава „Шехерезада“

Чест ни е да Ве известиме дека балетската претстава „Шехерезада“, работена на музика од рускиот композитор Николај Римски Корсаков, по кореографија на Михаил Крапивин (Русија), ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет во среда, 30.09.2015 година, со почеток во 20 часот.

Во насловната улога ќе настапи Ивана Коцевска, во останатите главни улоги: Дојчин Дочев (Бугарија), Драган Кочоски и Киро Павлов. Настапува комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Ѓорѓе Павловиќ од Белград.

Исто така сакаме да Ве информираме дека, во вторник, 29.09.2015 година на сцената на Народното позориште во Сараево, ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, во која главната машка улога на Арман, ќе ја толкува првенецот на македонскиот балет, Бобан Ковачевски, а со оркестарот ќе диригира, Бисера Чадловска.

Во петок, 02.10 2015 година балетската претстава „Шехерезада“ ќе биде прикажана во Битола, на отворањето на меѓународниот фестивал, „Интерфест“.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.