Промоција на „Елегична по тебе“ од Даница Петровска (ГАЛЕРИЈА)

Тимот на muabet.mk имаше чест да присуствува на  промоцијата за која уште многу после неа ќе се зборува, и уште толку долго ќе остане во нашите сеќавања. Даница Петровска, поетеса од Куманово ја промовираше својата нова стихозбирка „Елегична по тебе“ во скопската кафе-книжарница ВЕШТИЦА.

…Восхитот и љубопитноста, страста и љубовта, копнежот и песната како музикално изразен симболизам и романтизам се најзначајни во поезијата на авторката Даница Петровска. Таа во стихозбирката „Елегична по тебе“ на мошне чуден и восхитувачки начин трага по суштината на убавината на љубовната страст и копнежот, преку откривањето на минливото во вечноста…

Стихозбирката сеуште можете да ја набавите по промотивна цена во оваа кафе-книжарница. А за тоа како ние си поминавме, проценете самите од галеријата подолу 🙂

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.