Секојдневието со карциномот

Карцином, рак, црна болест, неизлечива болест… има многу имиња. И сите звучат страшно за луѓето кои не се носители на истата.

Оние кои се справуваат со него, со стравот се соочуваат само оној пат кога ќе дознаат дека го имаат. А потоа, не се плашат од смртта, туку од животот, дали правилно и доволно добро го живеат. Научиле, почувствувале дека само кога се насмеани и среќни им е добро. Со секоја насмевка имунитетот расте. Не знам дали е научно докажано, но сум го тестирала тоа на себе.
Сите ние кои сме под било каква терапија имаме промени во организмот. Физичка исцрпеност, психички промени. Малку е непријатно тоа, што уништувајќи ги болните клетки се уништуваат и здравите, па доаѓаат и други пропратни болести, слабеење на срцето, покачен притисок, промена на хормоните,проблеми со вените и ред, ред други работи. Стануваме понервозни, поранливи, поемотивни, што значи делуваат и на нервниот систем. Сето тоа е последица од цитостатицитте. Понекогаш сакаме да се затвориме во едно мало собче и да блееме во таван. Кога ќе не видите такви, бидете упорни да ни правите друштво, иако ние ќе ви велиме да не оставите намира дека не ни е до разговор.
Доколку нависитна сакате да ни помогнете, на нашето НЕ, не се откажувајте веднаш. Пробајте уште еднаш. Но не ни давајте да останеме во тоа собче, па макар и да не удостоите со вашето присуство, туку наместо тоа, пробајте да не изнесете надвор. Само надвор, воздухот, промената од секојдневието може да помогне, монотонијата кај нас може да биде смртоносна. И немојте да не третирате како да сме заразни па да не избегнувате. Немојте лоши работи да ни зборувате, дека секој збор ни влегува директно во срцето и потоа секој од нас може да падне во депресија. Ранливоста е многу многу посилна одколку кај здравите луѓе. А главна храна на карциномот е депресијата.
Не ни кажувајте за се` што ќе чуете од бабини деветини за лечење, дека и самите ние пратиме по интернет порталите за новостите кои и вие од таму сте ги виделе.
Едноставно, знам дека и вам ви е непријатно, но ако сте ни вистински пријатели само со добар збор и дружење со смеа ќе ни помогнете.
Господ нека ве чува вас па и нас.

Оливера

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.