Фрли ги старите чаршафи

Фрли ги старите чаршафи….Земи испери си ја душата, како што ги испра мислите и ги остави таму во морето….во далечината ги остави…Не ги заборави…туку ги остави таму засекогаш помниш ли?! Фрли ја сета нечистотија кoја се наталожила, извади ги и сите нечистотии и прашини мушнати и скриени под чергичето, не ја заборавај и пајажината околу тебе и таа ти смета за чисиот воздух кој го сакаш, а и  тој тебе сака да те милува и гушка силно. Сети се каде го имаш сокриено и талогот насобран – фрли го и исчисти го и него!!!

Испраната душа распостели ја на најдолгата жица иако и таа ќе е мала за твојата гола и голема душа, распостели ја да се вее слободно, нема да се исуши нити да летне – таа е твоја, моја, наша е ќе ја чуваме. Но дозволи и да го почувствува и таа голото тело на чистиот воздух, како што и ние ги почувстувавме нашите наежени, голи и чисти тела, нека се милува и таа, нека се гушкаат силно, нека ја почувствуваат љубовта, нека се засакаат, нека си играат како ние со песокот!!! А кога ќе се врати насмеана само смести ја во чистиот кревет, легни ја на новите и чисти чаршафи во проветрената соба, легни ја тука тука до тебе….милувај ја, шепни и тивко добредојде и стисни ја силно, гушни ја како таа тебе…  И пак ќе бидете Едно цело Нескршливо, Ти и Таа чисти и проветрени до некогаш JJJ

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.