КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА НАСТАПИ ВО ЊУЈОРК

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија вчеравечер имаше успешен настап во салата “Меркин” во Кауфман центарот во Њујорк.
Концертот кој му претходи на настапот на оркестарот со Дуке Бојаџиев во Карнеги хол, претставува значаен настан за Македонската култура бидејќи е прво претставување на голем ансамбл во центарот на културата во САД.
Под диригентската палка на Борјан Цанев оркестарот изведе дела од Гоце Коларовски и Бела Барток, а заедно со виртуозниот солист на кларинет Исмаил Лумановски беше изведен Концертот за кларинет и гудачки оркестар од младиот турски композитор Хасан Тура.
На концертот присуствуваше и министерката за култура на Р.Македонија Елизабета Канческа-Милевска.
Вечерва со проектот на Дуке Бојаџиев “Сон, верба, љубов” заедно авторот и неговите гости, камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе настапи во престижниот Карнеги хол со што ќе ги заокружи настапите во Њујорк.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.