Промоција на книгата „Зборовите немаат значење“ на Биљана Стојановска

Во склоп на првиот фестивал на европската литература, „Букстар“, на 13 октомври во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ, со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана збирката-поезија „Зборовите немаат значење“ на авторката Биљана Стојановска, во издание на „Антолог“.

„Треба да се има луцидност да се созерцне во секојдневјето, кое по својата природа е банално, и од него да се создаде мудрост. Кога би се барало од мене со една реченица да ја опишам книгата „Зборовите немаат значење“ од Биљана Стојановска, тоа би била мојата реченица. Пред вас имате сериозна книга од млад автор што многу ветува. Ваквите книги се вистинска реткост во македонската книжевна продукција“, вели во својата рецензија Ѓоко Здравески.

„Поезијата на Биљана Стојановска е длабок допир со ритуалноста на денот. Обичноста на објектите и нивната конкретна и вербална поврзаност со мигот и со телото на оној што пишува го исцртуваат топлиот амбиент на присуството на една широка љубов – љубов што живее во делбата пред да стане разделба и во припомнувањето пред да стане помнење“, забележува Никола Маџиров.

Промотивна реч: Никола Маџиров
Музичка поддршка: Јаков Дренковски
Читаат: Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Николина Андова Шопова

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.