Жива планета

Околу мене се врти
сеуште влажното сонце
од очите извира гнев
и лутина се исфрла
надвор од мојата вселена е тивко
како во гроб
во кој не се собирам јас
ниту со духот мој
ниту со ширината моја.
На водената планета
е влажно
дури и сонцето
иако мислиме
дека ни ги суши солзите
и топлиот зрак е влажен
премногу вирови се кријат
недосушени во нас.
И ние сме вода
исто како планета жива
и секоја капка е капка во нас
во нашите срца кружи
и внатре не понесува
таа вода жива.

Еден е светот
и светот е едно
ние сме едно исто дело
нашите немири кротат во нас,
тивки се
или букнуваат
при најмал потстрег,
кога нашата вода
добива облик на светол кристал !

Жива е мојата планета
и жив е светот во неа воден
и ние сме вода
премногу жива!
Секое труло сторено дело е наш грев
и нашата грешна природа
се валка во нашата сопствена кал.

Жива е мојата вода
во која јас среќно се капам
и се ширам низ неа
создавајќи нова среќа
препород примам
од капката света
и ја пеам и во сон и на јаве
таа пеана вода
е моќна наша сила
која се раѓа
илјадапати дневно во нас.
Да се чувам од немир
и да го негувам спокојот
тоа ме учи внатрешниот мој гуру
и суетата моја
ја лекувам сама
додека моето рацио збунето прашува
што ли се крие во тајната капна вода?
Која ли среќа сама си ја ковам?
Како ли може водата слатка
да биде моја водителка нова?
Планетата е капка жива вода!
Со меморија и умност посилна од се!

Сега е светот модерен вешт,
и поумен од сите мудреци стари
и откривам шепот низ мене струи
и ме гали одвнатре
мојата мудрост нова.

Векот е мој во ова време мое
миsловна молитва
му носам напладне
пресна света вода
со која го создавам мирот мој.
И ќе ги прими таа вода
и мојата молива
и желба
и ќе бидат услишани двете
под покров
на мојата душа света.

Radojka Trajanova

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.