Изложба “Je Suis” на Ина Михајлова

Во Радио Бар на 22 октомври 2015 година од 21:00 часот ќе се отвори изложбата “Je Suis” на Ина Михајлова.
Ина Михајлова е млада дизајнерка, која своето образование го стекнала на Факултетот за дизајн и мултемедија. Има неколку самостојни изложби и работно искуство во магазин за мода и дизајн..
Станува збор за илустрации во комбинација со храна и едноставни секојдневни предмети и создава серија на креативни и неочекувани композитни цртежи.


Иако е без формално ликовно образование, Ина размислува “outside the box”, не држејќи се до рамките на извесни правила и законитости овозможувајќи неконвенционален пристап во третирањето на цртежот во контекст на графичкиот дизајн.
За себе вели дека е “голем гурман што лошата храна ја користи за да направи нешто креативно и сатирично”… Од таму ја црпи и инспирацијата и смета дека токму преку цртежот како медиум се пренесува порака да размислуваме поинаку за она што го гледаме и користиме секојдневно… Или можеби да потсети на нашите имагинативни способности кога сме биле клинци.
Цртежите на Ина Михајлова пленат со својата спонтаност и хумор, но од друга страна даваат и критички осврт на секојдневното опкружување на младите луѓе.

Во склоп на изложбата, со дј сет ќе настапи DJ Zoki Bejbe.

Делата ќе бидат изложени до 31.10.2015 година.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.