14 ЧАСА

(Современ балет)

22 октомври, 20:00 часот, МОБ

Музика: Кирил Џајковски
Кореографија и сценографско идејно решение: Игор Киров
Режија и либрето: Наташа Поплавска
Костимограф: Александар Ношпал
Репетитори: проф. м-р Тања Вујисиќ – Тодоровска, м-р Олга Панго

Настапуваат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии

Инспирирано од дуетот „Not too close“ на авторско – изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ова современо балетско дело низ синџир од 12 сцени ќе ги разработи женско – машките односи преку ликовите на Лили и Марк.


[/su_youtube_advanced]


14 ЧАСА
(Кратка содржина)
Лили и Марк неочекувано на денот на прославата, 10 години од бракот, се судираат со суштинско преиспитување – наместо чиста љубов, во нив (а и кај другите парови, кои се нивни гости) се појавува недоверба, тага, радост, страст, меланхолија, револт, омраза, љубов, страв. . . И вечната дилема – што е ова што ни се случува?
Зарем сме тоа ние од пред 10 години. Низ интеракција со нивните пријатели се разоткриваат машко-женските односи такви какви што се – исконски, но и современи. Низ ланецот на дваесеттината слики кои се слеваат од една во друга ги препознаваме нивните емоционални дилеми и ги разоткриваме точките во кои се руши бракот. Огледалата, како тивок и незабележлив сведок на емотивните состојби, жестоко ни го откриваат паралелниот брак – оној кој Лили, Марк и нивните пријатели никогаш не го опсервирале, убедени дека секојдневието во изминатите години со ништо не се изменило. Во тие четиринаесеттина часа на преиспитување се случува трагиката на современиот машко-женски, брачен однос. Низ бурата која актерите ја поминуваат, на крајот, сепак, ќе победи љубовта!
Лили и Марк во последната сцена се повторно сами, изморени од љубовниот танц, но среќни дека денот на прославата бил само една епизода полна со преиспитувања кои успешно ги враќаат по патот на љубовта и среќата.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.