We Can Code настанот обедини иницијатори на промени

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Универзитетот на Југо-Источна Европа, на 17 октомври, го организираа настанот We Can Code по повод Европската недела на кодирање Europe Code Week. Настанот се одржа во просториите на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Скопје.

На овој хакатон учесниците имаа можност да решат неколку горливи проблеми на општеството, со што имаа можност да придонесат во нивното решавање со развивање на веб апликации. На овој едно-дневен настан присуствуваа студенти, прептприемачи, претставници на организации како и претставници на Универзитети, кои имаа можност да споделат искуства и да се запознаат со сите присутни. Настанот го отворија доцентот Висар Шеху од Универзитетот на Југоисточна Европа и Адријана Селмани програмски асистент во Фондацијата Метаморфозис.

[su_custom_gallery source=”media: 4420″ limit=”1″ link=”image” width=”520″ height=”250″ title=”never”]

На овој едно-дневен настан беа поканети сите кои имаат познавање од програмирање, веб-дизајн, веб-програмирање или се студенти по компјутерски науки.

Денес живееме во свет кој е под влијание на рапидниот развој на технологијата. Начинот на кој работиме, комуницираме, купуваме и размислуваме е драстично променет. Со цел да ги прифатиме овие брзи промени и да го разбереме светот околу нас, ние не само што треба да го развиваме нашето знаење за тоа како функционира технологијата, туку и да развиваме вештини и можности, кои ќе ни помогнат да се адаптираме и живееме во оваа ера.

[su_custom_gallery source=”media: 4418″ limit=”1″ link=”image” width=”520″ height=”250″ title=”never”]

Голема благодарност до сите учесници кои успеаа да изградат две веб страни целосно пополнети во рок од само 6 часа:
• Александар Лазовски
• Николчо Гошев
• Арбен Хајрулахи
• Гранит Небиу
• Дурата Небиу
• Агон Јунузи
• Мухамед Дураки
• Барди Граинца
• Ермин Климента
• Пранвера Бафтјари

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.