ДОБРА КНИГА НЕ СЕ ЧИТА САМО ВО ЛЕТО !!!

Додека го пиеш сам\a топлото кафе или чајче стуткана во прегратките од ќебето кое
те топли, тука е книгата која секогаш ќе остане твој најдобар пријател. Ние муабетчиите (muabet.mk) сме тука да ти
предложиме добра книга која доплонително ќе те стопли во овие студени денови smile emoticon


Дали може да се побегне од сопственото минато? – Т.Е. Љ.У.Б.А.М од Александар Алексов
Во романот Т.Е. Љ.У.Б.А.М. …ТОА Е ВИСТИНАТА од Александар Алексов ќе ја прочиташ приказната за безусловната љубов која ќе
те погоди во срце со својата посебност и необичност, за упорноста и храброста, за никогаш да не се откажеш од љубовта и соништата…
Кога една младешка љубов, несекојдневна, безгрешна и забранета нема да успее, а зад себе таа љубов ќе остави плодови, тогаш
треба да се избориш и да му погледнеш на стравот во очи. И кога за љубовта ќе изгубиш верба, тогаш таа пристигнува неканета и
романтична. Но, дали може да се побегне од сопственото минато?
Неверојатна приказна за љубовта, фасцинацијата од мајчинската непокорност… Роман на емотивни хроники кои го допираат дното
на човековото срце, изнудуваат солзи и радост кои на прв поглед ве задлабочуваат во драматичен завршеток, па се раѓаат нови почетоци,
животни трагедии со неочекувана радост, а најмногу од се ја доловуваат магијата на вечната и вистинска љубов. Доловена толку длабоко и
суштински што ќе ве натера да верувате во неа и уште денес да ја побарате, да го пронајдете човекот кој знае искрено да љуби.

Романот може да се купи во  Кафе-книжарница Вештица.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.