„Најубавото место на светот е тука“ од Франсеск Миралјес и Каре Сантос

Што би направила ако наидеш на волшебно кафуле и во него запознаеш прекрасно момче кое ќе ти ја врати волјата за живот, а сосем случајно тоа кафуле го носи името „НАЈУБАВОТО МЕСТО НА СВЕТОТ Е ТУКА“?
Интересна книга која нема да ја испуштиш од рака додека не стигнеш се до последната страница…
… – Никој не јаде сладолед на снежен ден
– Среќна е птицата што умее да лета
– Минатото мириса на стара хартија
– Животот е еднонасочна улица …
Динамична книга каде што настаните брзо се одвиваат, без одолговлекување и беспотребни описи, со чиста емоција и по некоја мудра мисла.

Ирис, триесетгодишна девојка скршена поради ненадејната смрт на родителите, едно стушено утро наидува на невообичаено кафуле со име Најубавото место на светот е тука. Не насетувајќи дека од тој момент ќе ѝ се променат животот и видувањето на светот, таа влегува во кафулето и во него го запознава Лука, таинствен Италијанец во кого што ќе се вљуби. Секој ден тие седат на шест различни волшебни маси.

Но седмиот ден Лука исчезнува, а заедно со него исчезнува и мистериозното кафуле. На местото каде што некогаш било Најубавото место на светот, Ирис ќе се обиде да влезе во трагата на загадочното минато на Лука. Но вистинското изненадување со кое ќе дојде пресвртот на оваа приказна, допрва следува…

Инспиративен роман за малите нешта што ни се потребни за среќа, а кои честопати не ги забележуваме. За секојдневната магија која може да ги разбуди заспаните емоции што порано не сме ги познавале. За моментите кои не смееме да ги пропуштиме, за што секој нареден може да биде поубав од претходниот, доколку му дадеме шанса.

Ова е книга што ни дава насоки како да го откриеме волшепството на сопствената душа.

Овој роман можете да го најдете на полиците од скопската кафе-книжарница ВЕШТИЦА.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.