Промоција на книгата „Тиркиз во лето“ од Марина Мијаковска

Четврток (29 октомври), 19:00 часот во ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин” – Скопје ќе се одржи промоција на хаику книгата “Тиркиз во лето” од Марина Мијаковска.

Промотор: м-р Александра Јуруковска

Стихови ќе интерпретира: Анета Стефковска

Уживајте во поезијата на Марина Мијаковска
Тиркиз во лето – Струга : Бран, 2015-10-23

Бел цвет во пролет
Тиркиз во златно лето
Во есен зима

Спуштен сончоглед
Капки од пенлив извор
Пресушен поглед

Замислен кенгур
Во пролет бара шума
На задни нозе

Во ноќта бел зрак
Светулка пали оган
Светлина во лет

ТИРКИЗ ВО ЛЕТО
Црвен песок во море
Заспана ѕвезда

Три сончогледа
Секој кон други гледа
Бакнеж во туѓ грб

Заспана есен
Разбушавени дрвја
Во широчина

Лазарополе
Во црн мрак бело поле
Светол Галичник

Пештера Пешна
Благ извор врз карпите
Исчезнување

Седум пингвини
На црвени лизгалки
Во поларен ден

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.