Двојната изведба на балетскиот спектакл „Лебедово езеро“

Во среда, 28 и во петок на 30 октомври 2015 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“,ремек дело на балетската класика. „Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: Улогата на Одета/Одилија ќе ја толкува Марија Кичевска-Шокаровска во двете изведби. Улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува Васил Чичијашвили, првенец на македонскиот балет, исто така во двете изведби. Во улогата на Ротбарт, ќе настапи Дојчин Дочев, гостин од Бугарија.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Исто така сакаме да Ве информираме дека на барање на Народното позориште од Сараево, по втор пат, во улогата на Арман, во балетската претстава „Дамата со камелии“, ќе настапи првенецот на македонскиот балет, Бобан Ковачевски.

 

Доделуваме 1×2 гратис влезници за балетот “Лебедово езеро”за 28.10.2015 , се што треба да направите е да го оставите вашето име и презиме во коментар на веста на Facebook, да стиснете на фан групата Like и јавно да ја споделите веста на вашиот профил. Името за картите ќе биде јавно објавено на групата на muabet.mk на 28.10.2015.

 

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.