Еротски книги кои ќе ви ја разгорат фантазијата

Дали ви се здодеа да гледате романтични филмови? Или серии?

За оваа недела предлог серијал се неворајните, романтични, до некаде еротки книги од Саманта Јанг. Кога ќе ги прочитате ќе посакате пак од поново да ги почнете. Како некој добар филм што сакате повторно да го гледате… Некои овој серијал го споредуваат со  „Педесет нијанси на сиво“, но според мене не се ни блиску. Нема до толку еротски сцени, но затоа жештината помеѓу партнерите е толку добро објаснета што нема да имате потреба да уклучувате греалка додека ги читате книгите.

Шест продолженија каде во секоја книга се раскажува за нов пар и за раѓањето на нова љубов и каде можете да го следите напредувањето на врската од парот од предходната книга.

Првиот дел од серијалот е „На улица Даблин“(по краткиот опис се допишани по ред останатите делови)

 

Сè што сака таа е сегашноста… но утрешниот ден чека.

 

Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање… Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања.

 

Таа е сирак уште од тинејџер и нејзиниот самотнички живот функционира прилично добро – сè додека не се пресели во нов стан на улицата Даблин каде што запознава девојка која очигледно сака да ѝ стане пријателка и маж кој сака да ѝ стане нешто повеќе. Но она што тие не го знаат е дека Џоселин не сака да се врзува за пријатели (од страв дека некогаш би можела да ги загуби и нив) и особено не сака маж кој би можел да ѝ го пробие штитот и да ги сруши до темел сите тврдини кои таа ги има изградено околу себе.

 

Брејден Кармајкл е навикнат да го добива тоа што го сака, а она што го сака сега е Џоселин во кревет. Баш безобразната, ладна и мистериозна девојка е онаа која го копка неговиот интерес, иако може да ја има речиси секоја жена што ќе ја посака. Но тврдоглавиот Шкот нема да се задоволи дури ни кога ќе ја постигне првобитната цел затоа што со секој изминат ден, тој сака сè повеќе од неа.

 

И нема да се откаже сè додека не ја запознае… до сржта на нејзината душа.

 

За жал кај нас преведена е само оваа книга од серијалот, но се надевам дека во брзо време ќе бидат преведени и останатите делови. За оние што можат да читаат на англиски или српско-хрватски може полесно да ги најдат овие книги.

Продолженијата се со англиски наслов за полесно да можете да ги најдете:

  1. On Dublin Street
  2. Down London Road
  3. Before Jamaica Lane
  4. Fall from India Place
  5. Echoes of Scotland Street
  6. Valentine
Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.