| ул. Салвадор Алјенде 68 | Изложба на Иван Ивановски |

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 28 октомври 2015 година, (среда), во 20.30 ч. ќе се отвори самостојна изложба на Иван Ивановски со наслов „ул. Салвадор Алјенде 68“.
Проектот „ул. Салвадор Алјенде 68“ се состои од околу 100 скулптури, објекти и цртежи. Идејата е да се истражува релацијата на луѓето во група, групата во релација со единката и релацијата помеѓу повеке групи и единки.
На овој начин се создаваат композиции со ситуации од секојдневието на овој град.
За однесувањето на луѓето во група и како индивидуи уметникот реферира кон социјалните експерименти од раните 1970г. „Затворот Стенфорд“ и „Милграм експеримент“ кои се однесуваат на моќта на авторитетот, како и на експериментите од областа на конформизмот како експериментот на Аш, кој истражува како единките пасивно го прифаќаат и се прилагодуваат кон мислењето и однесувањето на групата.
Авторот користи различни материјали за изработка на делата (гипс, дрво, стиропор, жици …) како и “ready-made” објекти, кои од различен аспект ја вообличуваат првичната идеја.

Кратка биографија на авторот:
Иван Ивановски, роден 1983 година во Скопје, дипломира вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2008 година. Во 2013 година го завршува Академскиот програм на Факултетот за ТВ и филмска режија на FAMU International во Прага, Чешка. Изложува од 2006 година. Досега се има претставено со осум индивидуални и повеќе групни изложби на скулптура, цртеж, анимација и инсталација. Од 2007 година работи видео, анимација и филм. Дел од неговите кратки анимирани филмови се претставени во рамките на различни регионални и интернационални филмски фестивали. Во 2010 ги поставува скулптурите Луѓе- птици во Градскиот парк. Добитник е за наградата ДЕНЕС за млад ликовен уметник за 2014 година.
Куратор на проектот е Елена Георгиевска Изложбата ќе биде поставена до 1-ви ноември 2015 година. Со почит, Национална галерија на Македонија

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.