Мислења и беседи – Лун Ји од Конфучије

Конфучиј е проучен кинески филозоф, основач на конфучијанството. Тој е светски познат по своето учење во која основна црта е „жен“ ( човечност ). Според традиционалното верување, Конфучиј се родил 28 септември 551 година п.н.е. во местото Чифу.

Конфучиј вели дека тој е само пренесувач и толкувач на старите знаења. Во времето на распадот на робовладетелското општество, многубројните војни и создавањето на феудализмот во Кина, тој како своја должност ја земал реафирмацијата на старите општествени и морални вредности. Сепак, тој не може да се смета за конзервативен учител, бидејќи низ своите толкувања на старите записи, често давал сопствени идеи за политиката и моралот, кои биле нови и оригинални.

Исто така, и покрај тоа што Кинезите често се придржуваат кон конфучијанските обичаи на религиозен начин, конфучијанството не се смета како религија, бидејќи речиси воопшто и да не е засегнато со теолошките и духовните прашања, како оние за Бог, за задгробниот живот и слично.

Само за вас одбравме неколку мисли и беседи кои што сметаме дека ќе ви го разубават денот:

-Учителот рече: – Во луѓето со лажливи насмевки, кои употребуваат ласкави зборови, има малку човекољубие;

-Само човекољубивиот човек може вистински да ги сака луѓето, но и да ги мрази;

-Благодарниот човек е безгрижен и спокоен. Нискиот човек е постојано вознемирен и незадоволен;

-Човек што не размислува за иднината, ќе се сопне во сегашноста;

-Луѓето што одат по различни патишта неможат заеднички да дејствуваат;

-Тешко е да се справиш со жените и со послугата. Ако се зближиш стануваат непокорни, кога ќе се одалечиш од нив – се жалат.

Оваа книга можете да ја најдете на полиците во скопската КАФЕ-КНИЖАРНИЦА ВЕШТИЦА.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.