Дали знаеш … ?

Интересни факти за нашите домашни миленици – кучињата :

1. Физички, едногодишно куче е старо колку и петнаесетгодишен човек;

2. Отпечатоците од носот на кучето се единствени, како што се човечките отпечатоци од прстите и можат да се употребат за нивна идентификација;

3. Најмалото куче во светот е Чивавата, а најголемото е Ирскиот Мастиф;

4. Чувството за мирис на кучето е 100 000 пати посилно од човечкото;

5. Кучињата имаат 321 коска во телото и немаат слепо црево;

6. Без разлика на големината, сите кучиња во светот имаат иста анатомија;

7. Кучињата се директни потомци на волците. Тие живеат во просек по 15 години;

8. Имаат влажен нос за полесно да собираат мирисни хемикалии од воздухот;

9. Теоброминот, состојка во чоколадата, може да убие куче;

10. Африканското куче – волк е единственото куче во светот кое нема способност да лае;

11. Њуфаундлендите имаат водоотпорно крзно и пливачка кожа на нозете. Оваа раса е создадена заради помошта која им ја нудат на рибарите и за спасување на луѓето од давење;

12. Три кутриња го преживеале потопувањето на Титаник;

13. Младите кутриња имаат 28 заби, а возрасните 42;

14. Кучињата може да сонуваат во РЕМ фазата, а тогаш најчесто ги помрднуваат шепите и го стресуваат телото, но и понатаму спијат;

15. Кучешките очи имаат посебен вид мембрана која им овозможува да гледаат во мрак;

16. Кај големите раси срцето чука измеѓу 60 и 100 пати во минута, а кај малите раси од 100 до 140 отчукувања во минута;

17. Нормалната кучешка температура на телото е помеѓу 38 и 39 степени;

18. Кучињата ги добиваат истите болести како и луѓето, од најтешките заболувања како ракот до најобичната настинка. Добрата страна е тоа што лековите што ги користиме ние, исто така функционираат одлично и на кучињата;

19. Можат да бидат интелегентни како 2 годишни деца;

20. Кучињата можат да почуствуваат завист. Доколку кучето примети дека други кучиња се наградени за истиот трик што тој го направил, а не бил награден, ќе започне да ги избегнува погледите на другите кучиња и ќе биде полесно раздразлив. Сепак зависта на кучињата, не е развиена како кај луѓето. Нив не им пречи доколку едни јадат леб а други колбаси;

21. Кучињата не чуствуваат вина кога ќе им се развикате за нешто што погрешиле. Митот за “виновните очиња” е само, тоа мит. Погледот што го даваат е само реакција на вашето однесување и знак на потчинетост! Но сепак, кучињата знаат кога згрешиле но нивниот импулс е предоминантен;

22. Најбројни варијации во изгледот помеѓу цицачите имаат кучињата. Огромна е разликата помеѓу черепот на шарпланинецот и черепот на пекинезерот. Сите овие разлики и помагаат многу на генетиката да дојде до одредени факти

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.