Седми „Роднокрајни поетски средби“

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со интернационалното движење „100 Илјади поети за промена“ на 19 ноември 2015 година, четврток, со почеток во 20:00 часот во прекрасниот простор на „Сцена 112“ ве поканува на седмите по ред „Роднокрајни поетски средби“.

Специјални гости на овие средби – Мохамад Фарахат и Мохамад Магди Абд Рабо од Каиро, Египет. Тие ќе бидат претставени на неколку настани во државата вклучувајќи ги градовите Струмица, Скопје, Гевгелија и Радовиш.
Мохамад Фарахат е роден 1988 година во Каиро, Египет. Пишува поезија и кратки раскази, избран е за еден од најдобрите 100 арапски автори. Еден од највлијателните претставници на модерната литература од Каро, Египет, организатор на 100 Илјади поети за промена во Египет. Пишува за неколку национални весници и списанија за литература. Креатор на бедаја работилниците за деца за креативно пишување, писател кој создава нов пристап во пишувањето на кратки раскази…

Мохамад Магди Абд Рабо е роден 1986 година во Каиро, Египет. Дипломирал на Филозофскиот Факултет, поет и автор на три книги поезија:

1. Blind who gives insight.
2. We tell you stories
3. Reading in SAMERY’s book

Добитник е на неколку престижни награди во Египет, автор е на една драма. Неговиот последен неиздаден проект „THE Horn Blower“ е серија од шест дела кои говорат за постоењето на човештвото, крајот на земјата и креирањето на една нова земја без крвава акција, војна и тн. Основач е на културното движење „EL-BROVA“, работи на едукативни проекти поддржани од Министерство за култура на Египет.

Во една речиси нова, но проверена атмосфера, со желба да постане традиција, веќе седми пат по ред го организираме овој настан кој е важен за сите оние кои се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен и вечно актуелен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата и перцепирањето на животот, со сите негови мани и убавини, кај секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред струмичката публика.

Со уште едно ново издание на „Роднокрајните поетски средби“, докажуваме дека имаме тенденција да станеме препознатлив настан на кој ќе се промовираат автори од Струмица и пошироко, а доколку сакате да учествувате или бидете гости на овој наш заеднички настан чувствувајте се слободни да ни пишете и да не контактирате за повеќе детали.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо. По успешно реализираните шест изданија на оваа манифестација, на сцената на роднокрајни поетски средби досега учество зедоа повеќе од педесет автори од Струмица, регионот и пошироко.

„Поезија и дружење, испразни ги деновите што тежат, наполни ја душата со стихови…“ Да прославите уште еден ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА со РОДНОКРАЈНИТЕ ПОЕТСКИ СРЕДБИ!

На седмите „Роднокрајни поетски средби“ е планирано да настапат десетина поети со нивното поетско творештво, но доколку сте и вие заинтересирани, слободно можете да се пријавите преку e-mail на kontextsr@gmail.com, или да дојдете директно во „Сцена 112“.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.