Изведба на оперската претстава „ТОСКА“

Во сабота, 21 ноември, 2015 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведено едно од ремек делата на оперскиот композитор Џакомо Пучини, претставата „ТОСКА“. „Тоска“ е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на покретот за обединување на Италија.

Во нашата претстава, главните улоги ќе ги толкуваат првенците: Весна Ѓиновска-Илкова (Флорија Тоска), Цветан Стојановски (Каварадоси) и Борис Трајанов (Скарпија). Во останатите улоги ќе настапат: (Анџелоти), Ернес Ибраимовски, Клисар:Драган Ампов,

Сполета: Никола Стојчевски, Шароне: Диме Петров, Клучар: Димитар Кожухаров и

Овчарче:Десанка Глигоријевиќ.

Настапуваат оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.