Промоција на романот „Танцот на животот“

По збирката раскази „Игра, копнеж, вистина“ и романите „Чекор до разумот“ и „Божественото во себе“… време е за првиот дел од романот „Танцот на животот“ од младата писателка Моника Стојанова.

Поразлично и интересно, секојдневно и мистериозно, привлечно и романтично… неизвесно и возбудливо до последната страница!

Да го заиграме танцот на животот меѓу искреноста, интригите, љубовта, секојдневните (не)прилики и судбината на ликовите од овој роман.

3 декември (четврток) со почеток во 12:30 часот во амфитеатар бр. 40 на Факултетот за земјоделски науки и храна…

Промотор и рецензент: проф. д-р Виолета Арнаудова
Музички дел: Јулија, танцова двојка од Центарот за модерни и спортски танци „Прима Данца“

Ќе имате можност да се запознаете и со главните ликови од романот…

Бидете дел од една необична и малку поразлична промоција…

Да го почувствуваме ритамот на тангото бидејќи…

„Подиумот е подготвен, музиката ги отсликува своите акорди низ етерот и секој добива можност да го одигра танцот на животот. Понекогаш со бавни чекори, некогаш со брзи, сложени или едноставни, според нашата имагинација или онака како што музиката свири, по сопствен избор или според гласот на судбината. Непознатите чекори за миг стануваат познати, постојано водејќи нè кон местото каде се наоѓа сопствениот мир кој во себе ја чува радоста…“ ~ „Танцот на животот“.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.