ПОЕТСКИOT ПОРТРЕТ НА ЉЕРКА ТОТ НАУМОВА

По повод 40-годишнината од излегувањето на првата поетска книга „Шепот на љубовта“ (1975) и на најновата 15-та книга „Зародиш на повикување“, во Друштвото на писателите на Македонија, на 24 ноември (вторник) во 12 часот, ќе се одржи поетски портрет на Љерка Тот Наумова.

За творештвото на Љерка Тот Наумова ќе зборуваат проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Марина Мијаковска. Стихови ќе чита Александра Велинова. Музичка придружба: Миле Јовановски Поречанец.

Љерка Тот Наумова, поет, есеист и преведувач, родена е во Дарувар, Хрватска. Завршила постдипломски и магистерски студии на Економскиот факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Друштвото на хрватските книжевници и на литературните преведувачи. Застапена е во 130 томови на македонската книжевност и во неколку антологии од современа македонска поезија. Нејзините песни се преведувани на англиски, италијански, грчки, албански, турски и влашки јазик.

 

СРЕДБА

Гордоста и солзите

самракот го чекаат.

Зборче што извира

осветлува кругови.

Неоплакана солза враќа

ненадејна средба во зајдисонце.

Спроти зората

раздвижениот немир

на загубениот чекор останува.

 

 

ЗАБОРАВЕНИ БУДЕЊА

Непогреани

Неподвижни

Следуваат

Двојните дни.

Движењето придушува

заборавени будења.

Итањето на чекорот

бешумно ги пробива

безимените патишта.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.