Промоција на „Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам“ и изложба на фотографии „Во движење“

На 25 ноември 2015 година во „Концепт 37“ со почеток во 20 часот ќе се одржи двоен настан – промоција на новата книга „Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам“ на Владимир Мартиновски, како и изложба на негови фотографии насловена „Во движење“.

Во книгата „Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам“ Владимир Мартиновски успева да ги препрочита големите книжевни канони за кои сите по малку веруваме дека знаеме речиси сѐ, додавајќи нешто свое: мала промена на аголот на читање, нова перспектива во однос со некоја современа тенденција, поврзување со некое подоцнежно поетичко начело, на тој начин уште еднаш потврдувајќи ја идејата на Хорхе Луис Борхес дека не само што претходниците влијаат врз оние писатели што доаѓаат по нив туку и современите писатели влијаат на начинот на кој ќе бидат читани нивните претходници.

„Во движење“ е неговата прва самостојна изложба на фотографии, направени во повеќе градови во светот.

Промотор на книгата: Владимир Јанковски
Промотор на изложбата: Влатко Галевски

Книгата „Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам“ е објавена со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.