Дали знаеш… ?

Кратки и интересни информации за растенијата кои можат да ни бидат од корист:

1. Доматот е овошје, но во кулинарството се користи како зеленчук.

2. Лубениците кои се состојат од 92% вода, всушност потекнуваат од пустината Калахари- Африка.

3. Цвеќето Titan Arum е најголемиот цвет на светот, и кога цвета дава ужасен мирис на труло месо.

4. Најголемата тиква на светот тежи 606 килограми.

5. Јаболката се член од фамилијата рози.

6. Оризот има пет пати повеќе ДНА од човекот.

7. Постојат околу 2000 различни видови на кактуси.

8. Дабот може да живее повеќе од 200 години.

9. Редовното конзумирање на јаболка го намалува ризикот од губење на забите за речиси 30%.

10. Лалето е национален симбол на Турција која била прва која почнала да ги култивира лалињата во 1530 година. Во Холандија стигнале 20 години подоцна.

11. Постојат цвеќиња кои се хранат со инсекти.

12. Семките од јаболкото соджат цијанид.

13. Со конзумирање на 8 јагоди ќе внесете повеќе витамин С отколку да изедете еден портокал.

14. Боровинките имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго овошје на земјата.

15. Јаболкото, компирот и кромидот имаат ист слаткаст вкус, ако ги јадете со затнат нос.

16. Првото овошје изедено на месечината била праската.

17. Праските некогаш биле познати како персијски јаболка.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.