ЧУДЕСНИОТ БЕЛ ПРАШОК – СОДА БИКАРБОНА И НЕЈЗИНАТА НАМЕНА ВО ДОМАЌИНСТВОТО

Покрај одржување на личната хигиена со содата, таа се употребува и во домаќинството, и тоа многу. Некои од овие употреби веќе ги знаете, но вреди да се потсетите.

Освежување на теписи

Ако одредено место на вашиот тепих поради една или друга причина има остра миризба, напрскајте го со сода бикарбона. Почекајте 2-3 часа, а потоа соберете ја сода бикарбоната со правосмукалка.

Посјајно сребро

Измешајте сода бикарбона и вода во однос 3:1 (3 лажички сода бикарбона и една вода) и со смесата истријте ги сребрените предмети. На крајот, измијте ги со вода.

Чистење на тврдоглавото лепило од етикетите

Понекогаш врз новите предмети останува лепило од налепниците кое никако не сака да излезе. Во таков случај, ставете сода бикарбона на сунѓерче и протријте.

Чистење на скарата

Исчистете ја мрснотијата од решетката на скарата со влажно сунѓерче на кое ќе ставите сода бикарбона.

Чистење на загорени тавчиња

Направивте мала грешка во кујната и завршивте со загорено тавче? Можете на помош да побарате сода бикарбона. Ставете во тавчето сода бикарбона и налејте жешка вода. Оставете го да кисне барем неколку часа, а пред да го чистите можете малку да го загреете на рингла за водата да зоврие.

Безмирисни пластични кутии за складирање на храната

Пластичните кутии кои редовно ги користиме за складирање на храната лесно се замирисуваат. За да ја елиминирате миризбата, наполнете ги со раствор од вода и сода бикарбона и оставете ги преку ноќ. Утрото измијте ги.

Чистење и освежување на даската за сечкање

За да ја исчистите и „одмирисате“ даската за сечкање храна, ставете сода бикарбона на суѓер и тријте. Потоа измијте со детергент.

Чистење на микробранова печка

Ставете сода бикарбона на сунѓерче и со него истријте ја микробрановата печка.

Помалку мириси во фрижидерот

Во фрижидерот оставете мало отворено кутивче со сода бикарбона. Таа ги „впива“ миризбите. Менувајте ја сода бикарбоната на секои 3 месеци или порано ако започне да апсорбира премногу миризби. Доколку имате голем проблем со „миризлив“ фрижидер, исчистете го со вода и сода бикарбона.

Миење на прскано овошје и зеленчук

Во длабок сад ставете 2-3 лажици сода бикарбона, наполнете го со вода и ставете ги плодовите. Оставете ги да отстојат во водата 5-10 минути и потоа само исплакнете ги со вода.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.