Интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле (трет дел)

1. Повеќе калории се убиваат во текот на спиењето, одошто при гледањето телевизија.

2. Прв производ кој имал бар код се мастиките Вриглис.

3. Венера е единствената планета која ротира во насока на стрелките на часовникот.

4. Прашината во вашиот дом во најголем дел се создава од мртвите ткива на кожата.

5. Просечната брзина на кивањето е 60-100 км/ч. Најбрзото измерено кивање е 165 км/ч.

6. Симпсонови е најдолго прикажувана серија во телевизиската историја на САД.

7. Пол Хун го држи рекордот за најгласно ждригање – 118.1 децибели, што е гласно колку и моторна пила.

8. Во казината во Лас Вегас нема часовници.

9. Жените трепкаат 2 пати повеќе од мажите.

10. Бисерите се раствараат во оцет.

11. Во 1987 година “American Airlines“ заштедиле 40.000 долари со елиминирање на една маслинка од секоја салата послужена во прва класа.

12. Полжавот може да спие цели 3 години.

13. Електричната столица ја измислил забар.

14. Ниедно парче хартија неможе да се свитка на половина повеќе од 7 пати.

15. Волт Дизни го држи рекордот за најмногу номинации за Оскар, вкупно 64.

16. Големината на очите останува иста во текот на целиот живот, од самото раѓање. Затоа пак, ушите и носот никогаш не престануваат да растат.

17. Игуаната е животно кое најмногу кива. Со помош на кивањето тие се ослободуваат од одредени соли кои помагаат во процесот на дигестија.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.