Интересни факти кои веројатно не сте ги знаеле (шести дел)

1. Во Австралија има двојно повеќе кенгури отколку луѓе.

2. Делфините може да се препознаат во огледало.

3. Слоновата бременост трае 2 години.

4. Томас Адамс во 1871 година патентирал машина за производство на гуми за џвакање.

5. Волтер Димер во 1928 година ги измислил Double Bubble гумите за џвакање.

6. Магнум и екстра големите кондоми се дизајнирани да одговараат на најголем процент од мажите. Егото е клучно во продажбата.

7. Најголемиот затвор во Боливија е своевидно општество без чувари позади ѕидовите. Осудениците си бираат свои лидери, имаат свои закони, работат за да си платат кирија и дури може да живеат со своите семејства внатре.

8. Дрвото со какао живее и до 200 години, но зрната се користат само 25 години заради нивниот квалитет кој опаѓа со текот на годините.

9. Потребни се 20 минути за да мозокот регистрира дека стомакот ни е полн.

10. Жирафите немаат гласни жици.

11. Во светот, во просек има 1 човек на 200 милиони инсекти.

12. Луѓето и кучињата се единствените суштества кои умеат да препознаат визуелни сигнали од очите на другите. Кучињата тоа го прават единствено со луѓето.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.