Изложба на проф. Душан ПЕРЧИНКОВ

Утре во 12:00 часот ќе се одржи изложба на проф. Душан ПЕРЧИНКОВ – УМЕТНИК на ГОДИНАТА 2015 (во рамките на манифестацијата ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА) и носител на Посебно признание од жири за исклучителни уметнички достигнувања на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2014.

Проф. ПЕРЧИНКОВ во галерија ОСТЕН ќе се претстави со 20 дела од неколку циклуси: “Облаци”, “Слоеви на свеста”, “Предели на тревата”, “Растителни предели”, “Мотиви од природа” и “Мотиви од предградие”. Делата се создадени со виртуозниот јазик на графичкиот цртеж – кој според авторот е еден од најважните алатки за изразување и кристализирање на имагинативните состојби.

За уметникот:
Душан ПЕРЧИНКОВ (роден 1939) е сликар, графичар и професор на Академијата за ликовни уметности во Скопје.
Академија за ликовни уметности, оддел сликарство завршил 1963 година во Белград и специјализирал на одделот сликарство во 1966 година на истата академија.
Перчинков со графика се занимава активно уште од 1973, додека од 1980 почува да се изразува и преку уметнички објекти. Со својата класична методологија, преку освојување на белините на хартијата со преиспитувачка себесвест преточена во кардиограми во зелено и жолто, одлучно се сместува во современите светски текови.
ПЕРЧИНКОВ преку овие свои цртачки бележења и колоритни репетативи – е најзначаен претставник на геометриското сликарство и еден од најавтентичните уметници во Македонија.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.