10 Години кореографска дејност на м-р Олга Панго и 10 Години на сцената на нејзината балетска претстава „Јас Исидора“

Со особена чест сакаме да Ве информираме дека во сабота, 12.12.2015 г. Македонската опера и балет на Малата сцена ќе одбележи два јубилеи, 10 Години кореографска дејност на м-р Олга Панго и 10 Години на сцената на нејзината балетска претстава „Јас Исидора“.
Всушност, јубилејниот настан е предвидено да содржи два дела. Во првиот, ќе ja видиме мултимедијалната изведба „Тука сум“, а во вториот, е познатиот современ балет „Јас Исидора“, приказна за страстната љубов помеѓу познатата балерина Исидора Данкан и рускиот поет Сергеј Есењин.
Учесници во јубилејниот настан се: „Тука сум“ (мултимедијална изведба)
Музика: Калиопи Букле и Џингиз Ибрахим , Кореографија и изведба: Олга Панго
Идеја и видео дизајн: Емил Петров
Режија: Наташа Поплавска
Костимограф: Марија Пупучевска
„Јас Исидора“ (современ балет)
Либрето, кореографија и режија: Олга Панго
Музика: Калиопи Букле
Сценографија и костимографија: Благој Мицевски

НАСТАПУВААТ:
Исидора: Саша Евтимова
Есенин: Васил Зафирчев
Јас Исидора-Билјана Пашариковска
Танчерки-Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Марина Анастасовска, Стефан Кочевски

[su_youtube_advanced url=”https://www.youtube.com/watch?v=sZx76RBjI3o” width=”720″ height=”520″ controls=”alt” autohide=”yes” showinfo=”no” rel=”no” theme=”light” https=”yes”][su_youtube_advanced url=”https://www.youtube.com/watch?t=303&v=4dK_SEerPQo” width=”720″ height=”520″ controls=”alt” autohide=”no” showinfo=”no” rel=”no” theme=”light”][su_youtube_advanced url=”https://www.youtube.com/watch?v=l5eyLMASbkE” width=”720″ height=”520″ controls=”no” showinfo=”no” rel=”no”][/su_youtube_advanced]

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.