ЕСЕН СО НОБЕЛОВЦИТЕ. Хенрик Шенкевич

Настанот „Есен со Нобеловците“ – полската вечер посветена на 110 години од доделувањето на Нобеловата награда на полскиот писател Хенрик Шенкевич организирана од полонистите од Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Оваа вечер е во рамките на четиригодишниот план на промотивни активности, објавен минатата година на отворањето на циклусот со вечерта посветена на Вислава Шимборска.
Предвидено е претставување на творештвото на Хенрик Шенкевич преку три негови дела, во изведба на студентите полонисти од прва година и студентите кои го изучуваат полскиот јазик како втор модул или како странски јазик. Повелете во Салата за седници (ФлФБК) на 14 декември во 15 часот.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.