Предлог книга – „Само најсекси маж кои постои“ – Џули Џејмс (1)

Предлог на нов, не толку поврзан серијал од познатата и незаменлива писателка Џули Џејмс. Нејзините книги иако не се поврзани и независат едни од други си маат свој редослед за читање. Ликовите од предходната книга се споменуваат колку да ве потсетат на нив.Кога ќе ја прочитате оваа книга ќе ги барате и наредните…

Тејлор Донован веќе 7 години работи за една од најдобрите адвокатски компаниии во Чикаго. Таа е толку добра, врвот на најдобрите и сите најтешки случаи паѓаат во нејзини раце. Сега, ја праќаат во Лос Анџелес за да работи на актуелен случај за сексуална злоупотреба во кој е инволвиран познат ланец на маркети. Таа е одличен адвокат, а ова е прекрасна можност самата себеси уште еднаш да си докаже колку е добра во својата работа.

 

Паралелно со судењето на Тејлор и доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат? Па да речеме дека Бред Пит може да му носи вода. Џејсон Ендрус е смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нешто како Кларк Гејбл или Кери Грант, само уште подобар.

Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… со Богот на сексипилноста? Таа е сепак професионалец… А тој е само еден обичен актер – познат и доста привлечен актер…

Милиони мисли и се мотаат во главата додека ја напушта канцеларија на својот претпоставен кој и го дава новиот случај. Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест?…

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.