Предлог книга – „Нека победи подобриот“ – Џули Џејмс (2)

Втора по ред книга од една од најдобрите авторки на романтични комедии- Џули Џејмс:

Самоуверена, безобразна, непобедлива… 

Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава се од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.

Амбициозен, надмен, згоден како ѓавол…

Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.

И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување! Па, нека победи подобриот!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.