[Театарска претстава] Ненаучена лекција – Кунстверкштат

Групата Кунстверкштат во рамките на Медиа/Арт клубот Скопје на Младински образовен форум ќе ја изведе театарската претстава „Ненаучена лекција“, во петок (11ти декември) во салата Бели Мугри, Велес, со почеток во 19 часот.

Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот. Започна како идеја на двајца, а прерасна во друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критична мисла. Групата започна со работа во февруари 2014 како интерактивна работилница за перформанс и до сега има настапувано на повеќе настани како „Кој се плаши од молкот лош?“, конференцијата за друштвени медиуми и активизам „Engage”, Skopje Creative Hub, окупацијата на УКИМ „Автономна зона“ како и самостојните изведби на своите перформанси.

Претставата „Ненаучена лекција“ е правена според текстовите „Ќелавата пејачка“ и „Лекцијата“ на Ежен Јонеско.

Играат:
Г-ѓа Смит – Марина Таневска
Г-дин Смит – Ангел Таневски
Г-ѓа Мартин – Константина Миновска
Г-дин Мартин – Дејан Јованов
Мари, слугинка – Срна Дуковска
Пожарникарскиот капетан – Петар Мукоски
Професорката – Ивона Кузмановска
Ученичка – Ива Цветановска, Јана Бангиева

Влезот за театарската претстава е бесплатен.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.