Изложба на новогодишни честитки во Концепт 37

Вечерва во 19.00 часот во кафетеријата Концепт 37 (ул. Франкилн Рузвелт бр.37) ќе биде отворена Изложба на новогодишни честитки.

Учество ќе земат ликовните уметници: Жани Гелевска-Велјановска, Соња Димовска, Ангел Димовски-Чауш, Филип Димовски, Валентина Илијевска, Мице Јанкуловски, Цветанка Јованова, Сања Јовановска, Симонида Филипова Китановска, Марјана Костојчиноска-Узунчева, Росица Лазеска, Марина Лешкова, Дијана Томиќ, Мирјана Крстева-Масети, Јана Манева-Чупоска, Андријана Мациев, Наташа Милованчев, Елена Сајковска, Новица Трајковски, Томе Манески и Тања Таневска.

Настанот ќе биде збогатен со песната на Љупка Најдановска и поезијата на Филип Димкоски.

Изложбата е под покровителство на Општина Карпош, а добредојдени се сите љубители на уметноста.

12380086_10205442557562902_1526209872_n

 

 

Извор Филип Димкоски

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.