Да не го допрев дното, никогаш немаше да станам човек (2)

Единствено човек без цел во животот е мртво битије кое диша и го скратува кислородот кој на многумина ни е неопходен. Ќе се сетам на еден драгоцен професор кој ми се чинеше дека само неговото живеење беше најискрено и од срце, ми се чинеше дека само тој беше реален ама за жал Господ секогаш добрите ги става во прв ред. Тој велеше „Само животните живеат за да јадат“. Во таа реченица се крие толку длабока метафора од која само човекот „човек“ ќе се натера на размислување. Дали е човечко да се бориш за она што го сакаш? Ама па зошто да се бориме и онака сите на крајот завршуваме на исто место? Кој и дали ќе бидеме запаметени? Живото го поминуваме само во борба. Да имав се во животот никогаш немаше да се осмелам на многу чекори, ќе останев таму каде што сум и ќе чекам мајка ми и татко ми да ми најдат работа, маж, семејство, куќа и тн. Да не го допрев дното никогаш немаше да станам човек. Да бевме богаташи никогаш немаше да се научам на почит и да ги сакам родителите. Да бев единствена разлигавена ќерка, никогаш немаше да запознаам искрен пријател како сестра. Само љубовта те одржува во животот, знам дека реченицава е клише ама навистина е реална. Искрено, верував само во љубов кон семејството, затоа што единствено тоа никогаш не ме разочара.  Единствено родителите, сестрите и браќата се оние кои веруваат во тебе, и најискрено ти посакуваат да бидеш најсреќен. Не верував во љубов кон спротивниот пол, затоа што мислев дека таквата љубов одамна изумрела уште во времето на баба ми и дедо ми. Мислев дека љубовта денеска се вика процент и навика. Но, признавам дека сум била во голема заблуда. Љубовта е онаа чувство поради кое секоја вечер заспиваш со желба за побрзо разденување, љубовта те возвишува во височината, но понекогаш и ….

Напишано: Петранка Костадинова

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.