Цитати од ,,Мартин Идн” на Џек Лондон

– Нејзиното неискуство не можеше да ù даде можност да разбере дека космичкото чувство што го предизвикува тој во неа,  беше токму онаа најкосмичка работа-љубовта, која со подеднаква сила ги привлекува мажите и жените ширум светот, ги прогонува елените меѓусебно да се отепуваат во време на множењето и ги тера дури и елементите неотстојно  да се соединуваат.

 

-Оправдано е сè, она што постои.

-Кој патува сам, најбргу патува.

– Светот е многу убав и добро уреден и добро е да се биде жив и да се сака.

-Љубовта е надвор и над разумот.

– Сакај ја убавината, заради неа самата.

– Радоста не доаѓа од надворешниот успех, туку од творењето.

– Победата во една борба им припаѓа на брзите, а во битката-на силните.

– Убавината е единствениот господар кому треба да му се служи. Служи  ù нејзе, а масата нека оди по ѓаволите.

– Љубовта живее на планинските врвови, над долините на разумот. Таа е возвишена состојба на постоењето, највисок врв на живеењето и ретко кому доаѓа.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.