Општина Гевгелија на 6-ти овој месец го доби најстариот жител

Најстариот жител на општина Гевгелија е Филип Петров, кој живее во гевгелиското село Петрово. На 6-ти Јaнуари дедо Фиљо наполни 100 години, добро се чувствува, кога ќе затопли излегува од својата куќа и чека гости. Претставници на општина Гевгелија и на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на 6-ти Јануари средата го посетија и му го честитаа роденденот. Се разбира, со торта и други подароци кои му ги подарија на стогодишниот Филип Петров.
По традиција, во Петрово живеат најстарите жители на општина Гевгелија, според кои планинскиот воздух и здравата храна се една од причините за долговечноста. Другите причини ни ги кажа самиот дедо Фиљо. Вели, многу работа, ракија во мали количини, цигари никако а исто така за нервозата не треба да има место во вашиот живот доколку сакате да „доживеете стотка„.Во текот на својот живот кој го поминал во селото се занимавал со разни занаети а го бивало и за одгледување на убава сорта грозје од која правел ракија за мерак. Она што е најинтересно е што во далечната 1947, дедо Фиљо, кој имал завршено само четврто одделение направил своја сопствена мини-хидроцентрала на блиската Петрушка река, искористувајќи динамо машина која ја зел од еден германски авион кој паднал во близина на селото Петрово, од која добивал електрична енергија само за три куќи во селото.

Превземено од МК Дијаспора Европа

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.