Отворање изложба “Кумановски графичари 2015“

Во петок, на 15 јануари 2016, со почеток од 19 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложбата “Кумановски графичари 2015“.
Координатор на проектот е НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово. На изложбата учество земаа академските графичари: Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска.
Како што ќе рече историчарот на уметноста од Куманово Роберт цветковски: “Со претставувањето на најновите графички остварувања на деветте графички уметници од Куманово ќе се обидеме и ова издание на традиционалната биенална изложба на графика “Кумановски графичари 2015“ да ви биде достапно како еден визуелен запис во времето од којшто ќе можете да го следите текот на актуелната графичка продукција на овие простори. Впрочем, тоа е и главната идеја на овој проект којшто ги архивира графичките листови и ја испишува историјата на графичката уметност на овие простори без некои претензии за ексклузивност и мегаломанија, остварувајќи го токму спротивното – еден скромен приказ на графичкото творештво за коешто можеме со сигурност да кажеме дека во себе носи континуитет, спој на искуство и младост, техничка перфекција и иновација во обид. Графичкиот јазик на овие уметници од поодамна им е познат на љубителите на графиката: се работи за концепти развивани во повеќегодишни истражувачки искуствени акции резултирани во графички реализации коишто го имаат поминато тестот на јавноста и стручната критика.“

[su_slider source=”media: 6016,6017,6018,6019,6020,6021,6022,6023,6024″ limit=”9″ link=”post” target=”blank” width=”720″ height=”720″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”9″ speed=”7000″][su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”680″ height=”340″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″] [su_slider source=”media: 3570″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”380″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.