Бидете единствени и со стил – рачно изработени плетива

Плетењето е метод со кој конецот или предивото се претвара во облека или други мајсторски изработки.Плетењето може да се реализира рачно или машински. Постојат неколку вида и методи на рачно плетење. Различни типа на конци и игли можат да се искористат за да се добие изобилие на плетени материјали. Овие алатки му даваат на крајниот резултат различна боја, плетка, тежина и целокупност. Други фактори кои влијаат на крајниот резултат се формата на иглата, дебелината и ковливоста, како и типот на влакното од конецот , составот и растегливоста.

Ние ви нудиме рачно изработени и модерни плетива кои се хит секоја зима: шал, капа, ракавици, греачи за нозе, венчиња, привезоци, цветчиња кои може да се користат како шноли, брошеви, ластик за коса…

Цените се скромни, со оглед на тоа што се рачно плетени и уникатни, и зависат од видот на моделот, конецот кој се користи и неговата количина за да се сплете моделот кој го сакате.

Доколку сакате подетално да се информирате или да нарачете некој од моделите кои ги нудиме посетете нѐ на Рачна изработка- Crochet Mania.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.