Предлог книга – „Сосед од пеколот“ од Р. Л. Метјусон

Краток опис

Хејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.

Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф… Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа…
Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, сакајќи да избегне конфликти и расправии, таа секогаш излегува наивна и им дозволува на луѓето да ја влечат за нос, но соседот од пеколот ги преминува дури и нејзините граници. Таа нема намера да се откаже од својата работа и не може да ја продаде својата куќа, па така нема избор освен да му објави соседска војна…
Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли…

Доколку сакате да ја имате оваа книга во вашата приватна библиотека, слободно пишете ни на naracaj.kniga@gmail.com, ќе добите информации за цената и начинот на плаќање и секако можете да си ја нарачате.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.