Македонското здружение „Македониум“ го одбележува Денот на мајчиниот јазик во Белград

В среда на 17 февруари во 19.00 часот во Библитеката на Град Белград,  ќе се одржи културен настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик-21 февруари.

Настанот е во организација на  Македонското здружение „Македониум“ од Белград, а ќе понуди богата програма.

Доц. д-р Бранимир Станковиќ, ќе одржи предавање на тема „Мајчиниот јазик како културен белег на еден народ“, a потоа ќе следи говор на претседателката на Одборот за образование при Македонскиот национален совет  во Србија, г-ѓа Маре Николовкса Каранфиловиќ.

Во рамките на овој настан ќе биде претставена  двојазичната поетска книга „Ода за Орфеј“ од поетесата Снежана Алексиќ-Станојловиќ, а за книгата ќе зборува проф. д-р Виктор Радун Теон.

Со своја поезија ќе настапи и поетесата Искра Пенева, а за музичкиот дел е задолжена вокалната група  „Македонки“.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.