Изведба на популарната оперска претстава „РИГОЛЕТО“

Во среда, 24 февруари, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, после одличната претстава на 06.02.2016 г. на барање на публиката, повторно ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“, на прославениот Џузепе Верди. „Риголето“ се смета за една од најубавите музичики драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго (некаде се среќава и под наслов Човекот кој се смееше).

Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Борис Трајанов после одличната креација на 6 февруари, уште еднаш во насловната улога, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Владимир Саздовски и Вишња Радосав-гостинка од Србија, во главните улоги.

Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Билјана Јосифов, Васко Здравков,  Дарко Нешовски, Ана Ројдева-Талевска, Марија Наумовска и Славчо Димовски.

Диригент е Бисера Чадловска.

 

Цената на билетите изнесува 300, 400 и 500 денари и можат да се купат на билетарницата на МОБ, тел. 02/3 118 451, како и online на www.mob.com.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.