Духовно левитирање- прва самостојна изложба на Анџелика Колева

На секој од нас му е потребно да ја исфрли целата негативна енергија која ја добиваме во секојдневието, или позитивната енергија да ја споделиме со другите околу себе, па ова е начинот на изразување на емоциите на уметникот Анџелика Колева. Таа не знае поинаку да левитира освен по платната, по стаклата па дури и по грамофонските плочи за која се смета една од ретките уметности.

Нејзината уметност е силно изразена емоција која ја собира во себе а и од сите кои ја опкружуваат. Барем така вели таа. Главен фокус во нејзините слики е жената. Жената од секогаш важела на сите уметници еден неисцрпен извор на инспирација, па така и таа ја пренесува не нејзините дела

Не бира начин на работа, работи со четки, со шпакли а и со прсти. Во зависност од силината на нејзината емоција. Никој нема да може да остане рамнодушен кога ќе застане пред нејзиното дело кое содржи разни приказни. Дела преточени од среќа, радост, тага, дела преточени од живот и смрт.

Оливера Доневска

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.