Песната ,,Која сум јас” од стихозбирката ,,Посилна од судбината”

КОЈА СУМ ЈАС ?

Се прашувам секој ден самата себеси – КОЈА СУМ ЈАС,
одговорот е едноставен и лесен:
јас сум само еден млад болен човек
кој не смее да излезе на улица
бидејќи луѓето му се смејат во лице
поради неговиот изглед,
не смее да излезе на кафе со пријателите
бидејќи слуша како позади грб го озборуваат,
секогаш гледа секој човек да го згази,повреди и разочара
со секакви коментари на 1001 начин
највеќе онаму каде што најмногу го боли.
Но,еве тука сум ЈАС меѓу сите Вас – драги мои пријатели,
се борам самата како знам и умеам
со сите препреки во животот,
не се жалам ќе се борам ако треба до крај,
им препорачувам на сите луѓе
да не молчат како мене цел живот,
за да не се полнат во себе ‘ко некој бункер,
туку сите до еден на нозе да се кренат
секогаш гласно и јасно својот СТАВ да си го кажат,
да не дозволат како ЈАС
да трпам секакви коментари и убоди на мојата кожа
бидејќи мислам дека тоа не е во ред,
барам само малку внимание и почиттување
спрема овој млад болен човек
од Вас – драги мои пријатели,
не барам од никого,
ниту од Вас – драги мои пријатели
грб и поддршка за било што,
само барам искрено пријателство,
без подгазување и било какво поттресување,
едноставно да се дружам со луѓето,
таму каде што мислам дека е местото на секој млад човек
па и на мене,
ЈАС засекогаш ќе Ви ја дадам сета моја љубов од срце,
каде ќе има само смеа заразно насекаде ќе се шири
‘ко некоја заразна болест во позитивна смисла на зборот,
насекаде ќе има само среќни и насмеани лица,
никогаш повеќе тажни,
иако некогаш заплачеме тоа ќе бидат солзи радосници
од среќа и радост – не како досега од тага.

Напишано од:
Наташа Алексовска – Малечка
од првата книга стихозбирка поезија
Посилна од судбината.
Повеќе информации за книгата

на следниот линк

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.