ДО КОГА ВАКА?

Се прашувам до кога вака ќе велиме дека се е супер – всушност ништо не е супер и не е во ред,се функционира во најдобар ред – не фунционира во никаков ред,па мал збор е и никаков,и така додека седиме во чекалница ‘ко некои осуденици на ледените столчиња да дојдеме на ред,тие таму си пијат кафе,муабетат и ни ја кројат нашата судбина,со тоа што за жал секојдневно згаснуваат млади невини луѓе,а ние луѓето замижуваме ‘ко да не е ништо било и ништо да не се случило,најважно е  ништо не превземаме,а потоа или отпосле кога загинат тие млади,невини души – паталци и страдалници,тогаш се прашуваме,прашање е дали и тогаш ќе се прашаме што-како беше,требаше ли оваа да се случи,требаше оваа – онаа да превземеме,а што не сме превземале додека се биле живи,па кај ни е совеста на нас луѓето,или отишла некаде далеку од нас самите,по се изгледа ми отишла не се ни вратила,не верувам ни дека некогаш ќе се врати,и така додека вината и топката си ја префрламе едни на други,за жал пред нашите очи ќе умираат секојдневно тие невини душички.

И,не знам поучена од моето лошо минато искуство со Вас – драги мои доктори,само се прашувам самата себеси  – до кога вака ние народот ќе молчиме и гледаме секојдневно пред наши очи како гинат нашите деца,зарем не треба сите граѓани да застанеме на нозе и да се дигнеме,да се упатиме лично кај нашиот ценет министер за здравство,со само едно,единствено,но искрено и вредно прашање – ДО КОГА ВАКА МИНИСТРЕ?

А,вака додека ние страдалниците си молчиме и за жал гледаме пред наши очи како умираат невини душиички,притоа си седиме со скрстени раце,ништо не правиме и превземаме,си молчиме ‘ ко некои утки во пештерата,па и утките некогаш знаат да викнат со нивниот глас, така ќе си останеме ‘ко неми сведоци и ќе си гледаме уште многу,многу невини душички како Тамара,Матеј умираат,а ние за жал ништо не превземаме.

Ах,додека го пишував оваа утрово останаа само воздишките и тие проклети исплакани – неисплакани солзи,кои нема никогаш да бидат до крај исплакани,едноставно само може да жалиме и тагуваме за таквите невини душички,и тие пустите солзи ќе останат за жал наш сопатник засекогаш во животот.

ЕХХХХ – ДО КОГА ВАКА,добро прашање е да се биде или не?

П.С. Оваа е напишано утрово во еден здив,гледано од мој агол на моето лошо минато со Вас – драги мои доктори,и не кажав секој човек дека мора да се сложи со се што сум напишала,но додека ние си молчиме – кучињата ќе си врват и лаат,е така е тоа и кај нас,за жал сурова и бедна реалност,ако може и така да се каже?

Малечка

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.