КРАДЕЊЕ НА МАЈМУНЧЕТО

Пред извесно време ударна вест на вести на нашите ТВ куќи беше како едно дете отишло со својата фамилија во ЗОО градината во Скопје, и сакало да го украдат мајмунчето, мајка му во намера да му ја исполни желбата на своето синче ги исекла жиците од кафезот, го украла мајмунчето и си заминале дома.
Не знам, се прашувам каде се стражарите на ЗОО градината, не кажав да има стражар на секој кафез, ама да има понекаде стражари, ај да не ги ставиме на трошок сопствениците на ЗОО градината, а нели и така треба да водиме економија, па затоа би требало да има стражари на неколку места во ЗОО градината?
Како е можно, зарем не слушнале дека кога се сече жица тоа нели предизвикува звук, па и кога го извадиле мајмунчето зарем тоа сирото не цивкало и викало на цел глас додека да го изнесат од ЗОО градината или стражарите во ЗОО градината го спијат уште зимскиот сон, па редно е да се освестат и расонат додека пак да дојде зимата?
Само можам да претпоставам какви стресови е предизвикано на мајмунчето, колку ли се само кутрото уплашило, ама ете заради желбата на детето мајката на се е спремна, па и на ваков поттег да му ја исполни желбата и да го украде мајмунчето?
Се прашувам само со каков памет е таа мајка, како имала смелост и храброст да направи такво нешто страшно, за да го грабне мајмунчето?
Па, добро бе луѓе и јас сум човек, сега на пример сакам да имам свој авион, и што треба да направам, ајде кажете ми како да го грабнам авионот и да го ставам пред мојот дом, со него кај сакам да патувам низ Светот, е добро де нека ги покрие Влада трошоците за бензин, та нема многу де да се потроши, и нека ми најде некој пилот кој ќе ме вози, за другото Јас ќе се погрижам самата, нема никаков проблем?
Кога да бидеме реални и искрени, јас можам само да сонувам за авиони, во оваа време кој купува авиони – никој, народот секој ден се повеќе осиромашува и некого до авиони му дошло да купува нели?
Ама, затоа како за утеха само може една макета да си направам со авион и да замислам дека летам со мојот авион низ целиот Свет каде сакам, е добро де колку што знам не е забрането понекогаш човек да се пушти во фантазиите, уште тоа да ни е забрането, и што ќе правиме тогаш мој народе, ајде кажете ми?
Или пак сакам да имам еден мерцедес, е да де ама како оние што се возат нашите драги луѓе од Власта, па да ме повозат некогаш и мене барем некое кругче, е добро де желба ми е, секој човек си има свои желби, а дали некогаш ќе се исполнат или ќе останат само желби тоа е веќе прашање на време, ама по се изгледа ми ќе биде оваа второто да останатат само пусти желби и ништо повеќе од тоа, за жал таква е нашата сурова реалност, од која нема бегање и да сакаме не можеме да побегнеме, кај ќе бегаме, кога тука сме се нашле и тука ќе живееме до крајот на животот.
Ех, само не знам што ќе биде следно, после крадењето на мајмунчето, бидејќи во нашата чудесна Македонија се е можно, па и невозможното.

 

Малечка

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.