Македонска Опера и балет преставува ,,Набуко” од Џузепе Верди

Чест ни е да Ве известиме дека во вторник, 12.04.2016 г. Македонската опера и балет ќе ја изведе популарната „Набуко“ на Џузeпе Верди. Претставата е со домашна солистичка екипа и еден гостин. Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на „Абигаилe“, Никола Стојчевски ќе настапи како „Исмаил“, „Фенена“ ќе ја толкува, Николина Јаневска, додека улогата на „Захарие“ му е доверена на гостинот од Србија, Драгољуб Бајиќ. Во останатите улоги ќе настапат: Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ.
„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.

Билети на билетарница на МОБ: 02 3118-451
Online: www.mob.com.mk

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.