Мислите дека знаете сè за вашето тело?

Човековото тело е многу сложена структура. Голем број интересни факти за човекот, се уште не се познати.

Ова се најинтересните факти за телото и функционирањето на човекот:

Научниците тврдат дека луѓето кои сонуваат почесто имаат поголем коефициент на интелигенција.

Сонот трае од две до три секунди.

Од целиот кислород кој го вдишуваме 20% оди само за мозокот.

Човековото лице се состои од 14 коски.

Просечен скалп содржи околу 100.000 влакна.

Најмалата коска се наоѓа во увото.

Забите полека почнуваат да растат 6 месеци пред раѓањето и се најтврд дел од телото.

Просечен човек има околу 6 килограми кожа на себе

Мажите без влакна на градите имаат поголема можност да заболат од цироза

Кога сакаме да направиме само еден чекор, користиме 200 мускули.

Најголемата клетка во човековото тело е женската јајце клетка, а најмала – сперматозоидот.

Кај возрасен човек, тежината на коските изнесува само 14% од целокупната тежина.

Полн мочен меур е со големина на топче за бејзбол.

Киселината од желудникот е доволно силна за да разгради жилет (сепак немојте да пробувате да голтнете)

На храната и се потребни 7 секунди за да дојде од устата до желудникот.

Црниот дроб извршува околу 500 функции.

Ножниот палец има две коскички, сите останати прсти имаат по три.

Палецот на раката е иста должина со носот.

Пар стапала содржат повеќе од 25.000 потни жлезди.

Постојат околу 3 милијарди бактерии на секое стапало.

Секоја година 98 проценти од атомите во вашето тело се заменети со нови

Ако количеството на вода во вашето тело се намали за еден процент, чувствувате жед. Ако се намали за десет проценти – умирате.

Носењето слушалки за само еден час го покачува нивото на бактерии во вашите уши за цели 700 пати

Кога ќе кивнете, вашето срце запира за милисекунда

Во една година, срцето ни отчукува 40 милиони пати

Во човечкото тело има доволно железо за да се направи една мала шајка

Секој човек има уникатен отпечаток од јазикот.

Повеќето луѓе трепкаат 25 пати во минута

Бедрената (бутната) коска на човекот е поцврста од бетон.

Секојдневно телото на возрасен човек, создава нови 300 милијарди клетки.

Во просек, вдишуваме 23 000 пати дневно

Срцето на жената чука побрзо отколку на мажот.

На човечкото тело му се потребни од 1000 до 1500 калории дневно само за нормално функционирање (дишење, варење на храната, спиење…)

Просечен маж губи околу 40 влакна дневно, жената пак 70.

Ако човечкиот мозок беше хард диск, ќе имаше до 2,5 милиони гигабајти меморија.

Изненадени?

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.